János Eifert - Photographer

Утрински BECHIK, Skopje, 2009. január 15.

utrinski-vecsnik-2009.01.15.

 

Изложба на фотографии на унгарскиот уметник Јанош Ејферт

Изложба на фотографии на познатиот унгарски уметник Јанош Ејферт ќе биде отворена вечерва во Чифте-амам во 19 часот. Изложбата е во заедничка организација на Министерство за култура на Македонија, Националната галерија на Македонија, Центарот за македонска фотографија, Институтот Баласи од Унгарија, а во соработка со НКА и амбасадата на Унгарија во Македонија.

Фотографот Јанош Ејферт е значајна фигура не само во унгарската уметност, туку и пошироко. Неговите дела не можат да се дефинираат стилски, бидејќи тој постојано во своите дела трага и употребува различни техники и уметнички изрази. Критиката за него ќе каже дека е секогаш различен, ја обновува својата уметност и изнаоѓа нови експериментални форми во своето изразување. Неговите фотографии се разликуваат и тематски, како танц, акт, природа и дигитална фотографија.

Денес работи како учител, изведувач и писател. Досега имал 160 самостојни изложби и учествувал на 650 групни изложби, добил голем број на награди, признанија и дипломи. Поседува огромна колекција на негови фотографии работени во 33 земји во светот. Неговите дела се често сценографија за бројни театарски претстави како и филмски и телевизиски остварувања.

Изложбата на Ејферт ќе ја отворат директорката на Националната галерија на Македонија, Маја Крстевска, амбасадорот на Унгарија, Ференц Кекеши и Роберт Јанкуловски, директорот на Македонскиот центар за фотографија. (Т.И.)
 

 
Статијата е прочитана 183 пати.