János Eifert - Photographer

ВО ЧИФТЕ АМАМ: Фотографии на Унгарецот Ејферт, Вечер OnLine, 17 Јан 2009

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3E0D9B1E816E07409967BB171EA38CC2

vecer.com.mk_skopje

ВО ЧИФТЕ АМАМ
Фотографии на Унгарецот Ејферт
Во Чифте амам во тек е ретроспективна изложба на фотографии “Приказни во слики”- на познатиот унгарски фотограф Јанош Ејферт, која ќе трае до крајот на месецот. Неговите фотографии се разликуваат и тематски, како танц, акт, природа и дигитална фотографија.

Денес работи како учител, изведувач и писател. Досега имал 160 самостојни изложби и учествувал на 650 групни изложби, добил голем број награди, признанија и дипломи. Поседува огромна колекција на фотографии работени во 33 земји во светот. Неговите дела се често сценографија за бројни театарски претстави, како и филмски и телевизиски остварувања.

Изложбата е во заедничка организација на Министерство за култура на Македонија, Националната галерија на Македонија, Центарот за македонска фотографија, Институтот Баласи од Унгарија и во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија.
Исто така, вчера требаше да се отвори и “Фотографија и звук” – мултимедијална презентација на дела од Ејферт, во Мала станица.